115 (фб)

Единствена Македонија до Спасовски: Тепаше во Вевчани, но не ти кажале дека пркосот на Вевчанци не е исклучок, туку е правило

Jan 14 2021
(0) Comments

Единствена Македонија ја осудува вчерашната наредба на министерот во МВР, Оливер Спасовски, за употреба на полициска сила и тепање на народот во Вевчани, со цел, растурање и оневозможување на вевчанскиот карневал.

Но, Спасовски манифестира суштинско непознавње на работите и не знае дека Вевчанци имаа своја историја во отпорот спрема непријателите на Вевчани. На 8 август 1987 година, Вевчанци во Битката за водата застанаа во одбрана на своето. За првпат тогаш полицијата употреби електрични пендреци врз возрасни, жени и деца. Но, тогашните функционери од зедничката југословенска држава кои наредија тепање понесоа одговорност.

Вчера, 34 години подоцна, полицијата по наредба на сегашниот министер во МВР пак ги тепаше Вевчанци кои повторно гордо застанаа во одбрана на своето – 1.400 години долгата традиција на вевчанскиот карневал.

Спасовски едно треба да знае. Пркосот кај вевчанци не  е исклучок, туку е правило, а за тепањето на народот, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 14 јануари 20201

Скопје 1

Новости

image_print