14

Единствена Македонија до Спасовски: Како не ти е срам, покани две македонски и пет албански партии, во која држава живееш

Mar 12 2020
(0) Comments

Таканаречениот технички премиер Оливер Спасовски е голем срам за Македонија. Спасовски заборавил во која држава живее со поканата на гости кај него за моделот на изборната кампања во услови на коронавирусот да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство во државата.  Овој формат не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и сите државјани на Македонија. Овој формат е неприроден, неприфатлив, недозволив и не ја отсликува македонската реалност.

Здравјето на луѓето како и одбраната на Татковината е немерливо. Решение за изборната кампања во услови на коронавирус треба да се бара според формулата за учество на 15 партии во следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии и тоа од најмалку две причини, прво, овој формат овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите малцинства, и второ, изборите на 12 април имаат историско значење оти народот треба да го даде одговорот по кој пат ќе оди Македонија – или ќе се зацементира бришењето на сешто е македонско од марионетската власт во Скопје или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 12 март 2020

А1 он

Скопје 1

image_print