Бачев-696×398

Единствена Македонија до СДСМ: Објавете дека веќе имате одлука да нема избори на 13 декември, нема причина за натамошно тактизирање

Nov 21 2020
(0) Comments

Единствена Македонија го повикува СДСМ, кој веќе има внатрешна партиска одлука дека ќе нема локални избори на 13 декември и јавно да ја објави во јавноста. Не гледаме ниту една рационална причина СДСМ и понатаму да тактизира со одлуката за стопирање на локалните избори во Штип и Пласница.

Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири  со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Очекуваме СДСМ да ја објави одлуката за стопирање на изборите на 13 декември и на конкретен начин да покаже дека во ова тешко време е на страната на народот.  

Да потсетиме, Единствена Македонија по анализите и внатрепартискиот избор утврди двајца млади и амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник за Штип и Пласница. Но, дополнително, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Извршниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука да ги повлече кандидатите и да не учествува на изборите во Штип и Пласница.

Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува до крај на страната на народот и целосно посветена на елиминирање на последиците од оваа криза. Да го заштитиме здравјето на народот, па, ајде сите на избори!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 21 ноември 2020

Скопје 1

Охрид 1

image_print