115 (фб)

Единствена Македонија до СДСМ: Не е вест да кажете Камчев финансирал кампања, туку вест е ако власта го одземе украденото

Sep 19 2019
(0) Comments

Владеачката СДСМ почнува да го губи компасот со денешното прашање од порпаролот Костадин Костадинов дали Камчев ја финансирал последната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Ги потсетуваме од СДСМ дека се власт, а не граѓанско здружение, и затоа треба да делуваат а не да прашуваат.

Не е вест СДСМ да каже дека Камчев финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ, туку вест е дали власта на СДСМ ќе го одземе украденото. Да постетиме, Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеше: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар, а Камчев е еден од тие кои го натоварија бродот.

Народот не гледа никакво фајде од прашања, а украдените 5 милијарди останат нечепнати.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветуваме дека  онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 19 септември 2019