115 (фб)

Единствена Македонија до Мила Царовска: До каде ти е кривичната пријава против ДУИ за украдени 19 милиони ера од пензискиот фонд

Jan 28 2020
(0) Comments

Владата на СДСМ и Мила Царовска повторно го излажаа народот. Мила Царовска во својство на министерка за труд и социјална политика на денешен ден пред точно една година бомбастично соопшти дека поднесува кривична пријава за проневерени 19 милиони евра во Фондот на пензиското и инвалидско осигурување.

Но, една година подоцна произлезе дека нема кривична пријава и тоа од оправдани причини: пензискиот фонд го раководат кадри на ДУИ и таму не смее да се чепка.

Царовска со најавата за кривична пријава против функционери на ДУИ очигледно манифестирала само добра смисла за црн хумор со кој врши тешка навреда на интелегенцијата на народот. Од друга страна, функционерите од ДУИ 18 години ги сведуваат нивните коалициски партнери од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на обични потрчковци на Али Ахмети. 18 години се во власта а за ниту еден функционер на ДУИ досега не е помислено а камоли да е обвинет за корупција.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја сосече во корен оваа погубна практика законите да важат само за Македоцните, а не и за Албанците. Одговорност мора да има за секој, законите мора да важи за сите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 28 јануари 2020

image_print