115 (фб)

Единствена Македонија до македонските историчари: Не се плашете и кажете ја вистината која ја знае цел свет дека Бугарите имаат татарско потекло

Jun 13 2019
(0) Comments

Единствена Македонија со неверување гледа колку барањата на членовите од бугарска страна во македонско-бугарската комисија за ревизија на историјата стануваат се поагресивни, а од членовите во Комисијата од македонска страна целосен молк и плашливост.

Очигледно во Комисијата од македонска страна има Македонци со изгубено национално чувство штом на тацна и ја подаруваат на Бугарија македонската историја со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар, дека Св, Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква и најново дека и Гоце Делчев е бугарски револуционер.

За Единствена Македонија е несфатливо колку марионетската власт во Скопје може да избрише се што е македонско, а колку македонскиот народ е нем набљудувач на сопственото самоукинување и обезличување.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа до крај ќе ја разјасни историската вистина дека еден дел од бугарското население е со македонско етничко потекло, дека во историјата повеќе бугарски влади како и значајни државни институции во минатото и денес ги раководат Македонци, а бугарскиот народ влече корени од татарско-монголската етничка група.

Единствена Македонија ги повикува и ги охрабрува македонските историчари да не се плашат и да ја кажуваат вистината која базира на историски извори дека Бугарите имаат татарско-монголско потекло.     

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 13 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Скопје 1

Точка

24 Инфо

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид