12

Единствена Македонија до Каракачанов: Дојди во Македонија лично да разговараме со Македонци родени пред 1944 година

Nov 07 2020
(0) Comments

По вчерашната изјава на Красимир Каракачанов за вето во ЕУ доколку не признаеме дека Македонците до 1944 се Бугари, Единствена Македонија го повикува Каракачанов да дојде во Македонија и лично да поразговараме со Македонци и Македонки родени пред 1944 година како национално се чуствуваат лично и по нивните претходници од баба-прабаба и дедо-прадедо.

Да потсетиме дека и најавторитетни странски научници – балканисти од Русија, Западна и Централна Европа и во Северна Америка ги отфрлаат бугарските тези за македонската нација, историја и јазик.

Каракачанов може да не и верува на науката, но, не може да се спротиставува на природата преку личните разговори со Македонци и Македонки родени пред 1944 година. На тој начин ќе ги разбие и своите болни антимакедонски амбиции и лаги, бидејќи, цел свет знае дека Бугарите влечат корени од татарско-монголско потекло и дека проблемот со Бугарија ни го прават македонските јаничари во Бугарија од типот на семејства како Каракачанов, Ковачев, Захариева… кои не издржале во историјата.

Но, мора да се признае дека голем дел од вината ја носи власта во Скопје со својата претерано дефанзивна и плашлива политика да не ја кажува вистината која базира на историски извори за татарско-монголско потекло на Бугарите наспроти екстремно агресивните антимакедонски барање од македонските јаничари од Софија. 

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ знае и мора да понуди одговор на македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 7 ноември 2020

Скопје 1

Охрид 1

image_print