114 (фб)

Единствена Македонија до Зоран Заев: Отфрли го договорот со Грција и ајде сите на избори

Oct 08 2018
(0) Comments

Единствена Македонија го подржува предлогот со кој се бара Зоран Заев да го отфрли договорот со грција како единствено можно решение за надминување на актуелната кризна состојба преку распишување на вонредени парламентарни избори.

Истовремено, изразуваме силна загриженост доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ државата повторно ја доведат недозволиво во очите на демократските држави да се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди излезни решенија без меѓународно туторство.

За Единствена Македонија и македонскиот народ, нема дилема. Во однос на надминувањето на оваа најнова криза со немањето двотретинско мнозинство за уставните измени, најдобро е тоа самите да го направиме.

Дотолку повеќе, со распишувањето на нови избори Зоран Заев ќе има можност да води  кампања во која отворено ќе се залага за Договорот со Грција, па, народот да одлучи врз основа на искрени понуди земајќи предвид дека на претходните избори Заев го измами народот оти не вети дека доколку победи ќе се залага за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Значи, на потез сега е Зоран Заев. Ако е искрен и не блефира нека го отфрли дговорот со Грција и ајде да се соочиме со народот на избори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 8 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Актуелно 24

Весник

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид