115 (фб)

Единствена Македонија до Заев: Вразуми се и стави мораториум за НАТО и ЕУ и договорите со Бугарија и Грција до следните избори

Oct 15 2019
(0) Comments

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорите со Бугарија и Грција ги решил проблемите, дека нема повеќе отворени прашања со овие две соседни земји и дека е отворен патот за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Заев продолжува да лаже штом зине.

Излезе на виделина дека договорите со Бугарија и Грција се димна завеса за бришење на сешто е македонско преку работата на заедничките мешовити комисии за ревизија на македонската историја. За триото Заев, Шеќеринска и Димитров можеби проблемите со Грција и Бугарија се решени земајќи предвид дека имаат агенда за бришење на се што е македонско.

За среќа на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија излегува на виделина дека за Македонија нема место ниту во геноцидните евроатлански интеграции како што се НАТО и ЕУ иако се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Грција, Бугарија, НАТО и ЕУ спрема македонскиот народ да одговори со мораториум за НАТО и ЕУ и договорите со Бугарија и Грција до следните парламентарни избори.

Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 15 октомври 2019