60

Единствена Македонија до владата: Кога е бал нека е маскенбал, намалете го коефициентот на платите на уставните судии од 4% на 0.5%

Apr 30 2020
(0) Comments

Безобразието на Уставниот суд продолжува. По запирањето на Уредбата на владата за исплата на минимални плати од 14.500 денари на уставните судии и останатите функционери за мај и јуни, судот ја запира и уредбата за забрана за исплата на додатоци и бонуси на функционерите во кризата.

Уставните судии со плати од 1.400 евра и останатите функционери, замислете, не можат да преживеат само два месеци со миниунална плата од 14.500 денари. Се прашуваат ли уставните судии како со децении преживува обичниот народ со сиромаштијата и посебно сега во кризата кога голем број луѓе воопшто не примаат плата и останаа без работа.

Од друга страна, владата ваквите одлуки на Уставнииот суд вчера ги нарече скандалозни и разочарувачки кои директно штетат на солидарноста и ја загрозуваат борбата со коронавирусот.

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија ја повикува владата веднаш да донесе Уредба со законска сила во однос на еден друг закон – Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија со кој коефициентот за утврдување на плата на уставните судии од 4% ќе го утврди на 0,5% со што уставните судии и останатите функицонери ќе ги сведе на минимална плата од 14.500 денари.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ очекува владата да го прифати овој предлог, се разбира, доколку е искрена во осудата на одлуките на Уставниот суд, дотолку повеќе, Уставниот суд кај законот за платите на функционерите е немоќен, бидејќи, висината на платите ги утврдува Собранието, сега во случајот со вонредната состојба, владата со Уредба со законски сила. Кога е бал, нека биде маскенбал.

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“
Скопје, четврток, 30 април 2020 година

Македонски весник

Скопје 1

Макпрес

Охрид

Тајм

Дејли

Вести

image_print