3

Единствена Македонија до Бугарија: Оставете ги на мира Македонците, спремни сме да ви ги подариме Малески, Георгиевски, Бучковски и Заев

May 02 2020
(0) Comments

Република Бугарија јавно ја соопшти својата позиција дека патот на Република Македонија за членство во Европската Унија подразбира целосно обезличување на македонскиот народ со бришење на јазикот и нацијата. Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни водат агресивна кампања за докажување на наводниот бугарски карактер на Македонија и Македонците. За волја на вистината, обезличувањето на Македоцните не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

Но, на големо изненадување во Македонија носители на проектот за подарување на милениумската македонската нација, јазик и историја на Бугарија се поранешните фукционери Денко Малевски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски кои се продолжение на политиката на Зоран Заев кој со договорот со Бугарија ги брише Македонците во Македонија и во пиринскиот дел на Македонија.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со Бугарија на начин што Зоран Заев,  Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија, а Македонците да бидат оставени на мира.     

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 2 мај 2020  

Медиуми:

Скопје 1

Македонски весник

Макпрес

Охрид

Тајм

Дејли

Грид

image_print