115 (фб)

Единствена Македонија ги кани Столтенберг и Заев да дојдат на пречекот на Вардар од Македонија и да го видат одговорот на народот

Jun 03 2019
(0) Comments

Единствена Македонија го охрабрува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да ја продолжи својата посета на марионетската власт во Скопје за неколку часови и да не си заминува во 17 часот.

Јенс Столтенберг и неговата марионета Зоран Заев добиваат неповторлива можност на лице место да го слушнат одговорот на македонскиот народ за наводното немање алтернатива за НАТО од страна на Македонија и за нивниот геноциден проект со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Заев и Столтенберг денеска романтичарски го замајуваа народот дека се отвора светла иднина на Македонија со НАТО и дека веќе се чуствуваат бенефитите од НАТО и дека се реализира стремежот на сите политичари и на сите граѓани, па, еве им одлична можност и на двајцата на лице место да се уверат во нивните приказни оти се очекува река од народ на плоштадот „Македонија“ на пречекот на ракометарите на Вардар од Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 3 јуни 2019

А1 он