115 (фб)

ДУИ преку Бујар Османи денеска објави нова војна во Македонија

Dec 08 2019
(0) Comments

Денешниот став на ДУИ кој го пренесе Бујар Османи дека било каква промена на Законот за јазиците ќе не помести од патот и не враќа пред 2001 година, претставува повторно заигрување со огин од страна на ДУИ и отворен повик за нова војна во Македонија.

Со ова се потврдува ставот на Единствена Македонија кажан на повеќе пати низ годините дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Своевидната објава на нова војна од ДУИ се става највисоко на агендата на Единствена Македонија и македонскиот народ.

Законот за јазиците со кој се воведува јазична федерализација како преодна етапа до територијална федерализација, мора да се укине.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ќе ги поништиме штетните договори вклучително и двојазичноста која произлезе од такнаречената тиранска платформа. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 8 декември 2019

Скопје 1

Македонски Весник

Макпрес

Опсервер

Тајм

Грид

Вести

Дејли

image_print