617

Драги Славковиќ е нов претседател на ОК Единствена Македонија Чучер Сандево – Фотогалерија

Jan 25 2020
(0) Comments

Вечерва, сабота, 25 јануари 2020 во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Чучер Сандево за нов претседател на Општинскиот комитет Чучер Сандево е избран Драги Славковиќ. На настанот присуствуваа претседателот на партијата проф. д-р Јанко Бачев, генералниот секретар Ацо Николовски и членот на Извршниот комитет проф. д-р Вангел Симев.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата. Чучер Сандево е општина каде голем дел од населението е од српската заедница. Србите во Република Македонија порачаа: нашата опција е Единствена Македонија.

Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 1 декември 2019

 

 

image_print