sandanski_m

Делегација на НДМ на работна средба во Сандански

Oct 23 2010
(0) Comments

Делегација на Народно движење за Македонија, предводена од г. Јанко Бачев Претседател на НДМ, на 23 октомври 2010 година, сабота, оствари работна средба со двајцата копретседатели на ОМО Илинден – Пирин, г. Стојко Стојков и г. Ботјо Вангелов.

Работната средба се одржа во Сандански, Пиринска Македонија.

На оваа средба, покрај размената на искуствата околу политичкото дејствување во Република Македонија и Република Бугарија, се разговараше за положбата на нашите браќа и сестри во Пиринска Македонија со акцент на проблемот со регистрацијата на ОМО Илинден – Пирин како политичка партија и потребата што поскоро Република Бугарија да го фати вистинскиот чекор како земја членка во евроатланските интеграции.

Работните средби со Македонците што живеат во соседните држави се од исклучително голема важност не само заради размена на искуствата, туку заради дополнителна меѓусебна мотивација за интензивирано менување на неповолните состојби на планот на почитувањето на основните слободи и правана човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право кои се составен дел на внатрешниот правен поредок на соседните земји после ратификацијата согласно нивните конститутивни акти. Постојат и решенија, постојат и можности за нивна реализација, а европските механизми го прават се посигурно и регистрирањето на ОМО Илинден – Пирин како прва македонска политичка партија во современа Бугарија.

На средбата беше потврдена и силната поддршка која ОМО Илинден – Пирин ја има од НДМ како партија која се бори за одбрана на македонските национални интереси и достоинството на сите Македонци без оглед каде живеат. 

Покрај веќе остварената средба во Пустец Албанија со делегација на Македонската алијанса – партија на Македонците во Албанија предводена од г.Едмонд Темелко, како и оваа средба со претставниците на ОМО Илинден -Пирин, НДМ во рамките на меѓународните активности на партијата ќе оствари средба и со претставниците на македонските партии во Република Грција и Република Србија.

Скопје, 22 октомври 2010
Центар за комуникации со јавноста на НДМ

image_print