fotografija_1a_mala (2)

Делегација на НДМ на дебатата за роденденот на Александар Македонски

Jul 23 2010
(0) Comments

Делегација на Народно движење за Македонија, во состав, Јанко Бачев, Илија Ташев, Нада Глигорова и Драган Живковиќ, на 23 јули 2010, петок, учествуваше на јавната дебата организирана во локалитетот Лукубија кај Кочани, по повод 23 јули, роденденот на Александар Македонски.

Притоа на дебатата аргументирано беше кажано дека токму по поводот роденденот на нашиот син, кралот на кралевите, царот на царевите – Александар Македонски, е потребно заедно сите Македонци да го дадат најголемиот поклон, односно, промовирањето на вистината за Македонија, вистината за Александар Македонски, дека потекнува, а и Македонците како негови следбеници, дека потекнуваат од минојската цивилизација, а не од молосите, односно Епир.

Во овој контекст всушност беше и смислата на оваа јавна дебата во локалитетот Лукубија, како своевиден поклон за роденденот на Александар Македонски, каде се направи обид да се претстават вистинските аргументи дека градот Ајгај е изграден од македонскиот крал Архелај на брегот на Белото Слатководно Езеро, но, подоцна овој град е префрлен на падините на планината Агријана, поради нападите на Пиратите – Гали. Инаку, Филип Македонецот повторно го воскреснува Ајгај на претходната локација, односно, на брегот на Белото Езеро, нарекувајки ја притоа престолнината Бела, или на латински Пела, каде е роден Александар трети Македонски.

Инаку ,,миној,, е титула кај паонските кралски династии, титула која е сосема идентична со титулата фараон кај египетските кралеви. Сето ова го потврдува пронајдениот Грифин, како симбол – чувар на престолнината Ајгај, односно Бела или Пела, потоа пчелата како симбол на големата мајка, древната Афродита – Венера, понатаму, желката како симбол на градот Ајгај и други артефакти и докази за кои како што беше кажано институциите во Република Македонија сеуште молчат, иако оваа вистина е предуслов за одбрана на името Македонија и правото на Република Македонија на тоа име, без притоа да може било кој да бара од Македонија да го смени своето државно име.

На собирот зборуваше и претседателот на НДМ, Јанко Бачев, кој ја истакна потребата од актуелизирање на овие подзаборавени историски вистини од големо значење за Република Македонија, и потребата од систематско изучување, односно, нивно вградување во наставните планови како наставни содржини во образовниот процес засновани врз научно-верификувани аргументи.

Скопје, 22 јули 2010
Центар за комуникации со јавноста на НДМ

image_print