Фотографија,,

Делегација на „Македонија-Блокира„ положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев

Feb 04 2019
(0) Comments

Делегација на „Македонија – Блокира„ во состав Филип Петровски кандидат за претседател на претстојните избори од „Македонија-Блокира“, Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија која е дел од „Македонија-Блокира“, и Ацо Николовски шеф на Изборнит штаб на „Македонија-Блокира„ положи цвеќе пред гробот на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас„ во Скопје по повод 147 години од неговото раѓање.

„Македонија – Блокира„ со овој чин му одава почит на Гоце Делчев како носител на идејата за слободна и независна Македонија и кој целиот свој живот го посветил на Македонската револуционерна борба и создавање на самостојна македонска држава.

Гоце Делчев можел да си биде само учител и да не биде револуционер. И голем број негови соборци можеле да си седат дома и да не одат во планините. Но, доколку беше така ќе ја немавме Македонија. Затоа Гоцевите идеи, погледи и револуционерно дело треба да бидат водич за македонскиот народ особено за оваа генерација Македонци кои имаат последна шанса да спречат бришење на вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Скопје, понеделник, 4 февруари 2019