7

ВИДЕО/ФОТО) Делегација на Единствена Македонија во Белград

Oct 23 2019
(0) Comments

Делегација на Единствена Македонија во состав Јанко Бачев претседател на партијата, Ацо Николовски генерален секретар на партијата и Тони Науновски член на Извршниот комитет на партијата, на 20 и 21 октомври престојуваше во Белград, Република Србија. За време на престојот во Белград беа остваерни повеќе активности.

Така, делегацијата на партија учествуваше на Основачкото собрание на Српската странка заветници каде свое обраќање имаше претседателот Бачев.

Бачев, Николовски и Науновски имаа работна вечера со гостите на Конгресот од италијанската партија Северна лига на Матео Салвини и Словенечката национална партија од Словенија на Змаго Јелинчич на кои беа разгледани можносите за идна меѓупартиска соработка. Притоа беа  разменети мислења за значајни прашања. 

Во изјава за српски медиуми претседателот Бачев ја запозна тамошната јавност со внатрешно – политичките состојби во Македонија.

Претседателот Бачев и членот на Извршниот комитет Тони Науновски гостуваа во дебатната емисија „Правец„ на Телевизија Пинк.

Видео од дебатата на ТВ Пинк

image_print