115 (фб)

Вчера победи македонскиот народ, Пендаровски со 23 отсто гласови е нелегитимен претседател

May 06 2019
(0) Comments

Македонскиот народ може да биде горд на вчерашниот избори бидејќи со големата неизлезност е фактички победник на изборите со што ја делегитимира марионетската власт во Скопје.

Стево Пендаровски победи со 436.212 гласови, но, тоа е само 23 отсто од вкупниот број запишани избирачи со право на глас.

Претседател на држава со добиени 23 отсто од запишани избирачи не може да се смета за легитимен претседател на македонскиот народ. Не случајно бил големиот страв на марионетската власт од неизлегувањето на изборите и најавите дека се спремни дури и да го укинат цензусот.

За каква масовна победа на обединување и заедништво зборуваа синоќа Пендаровски и Заев кога македонскиот народ во голем број не излезе на изборите а Пендаровски победи со гласовоте на албанското малцинство во земјата.

Пендаровски и Заев победнички изјавија дека исходот од претседателските избори на кои Пендаровски доби само 23 отсто од запишаните избирачи значел гарантиран пат напред во НАТО и ЕУ. Да им ја освежиме меморијата на Заев и Пендаровски дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на ланскиот референдум на 30 септември ја изразија својата волја дека не сакаат во НАТО и ЕУ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 6 мај 2019

Медиуми

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Точка

Светски новости

365

Тајм

Вести

Дејли

Грид