159

Марионетската влада на Заев е инсталирана од странците, неопходни се предвремени избори

Feb 02 2019
(0) Comments

Единствена Македонија силно го охрабрува марионетата Зоран Заев во пресрет на утрешната одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори да го прифати барањето на целата опозиција за распишување на парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Единствена Македонија ги повикува европските дипломати да престанат со дејствување на начин кој не одговара на нивниот дипломатски статус бидејќи нивните отворени повици да не се распишуваат и предвремени парламентарни избори е недозволиво мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Странски измеќар Заев секојдневно се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори, па, ајде да се соочиме со народот на предвремени избори за историската иднина на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 2 февруари 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Вести

Скопје 1

Точка

Макпрес

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид