160

Виенската конвенција ја пречекорува Џес Бејли, а не Олег Шчербак

Apr 05 2018
(0) Comments

Единствена Македонија, Реакција до порталот Нова ТВ
Скопје, 5 април 2018

Повод: „Рускиот амбасадор ја прекрши Виенската конвенција“„Не сме организатори на протестот“, „Шчербак ја прекрши Виенската конвенција, амбасадата поставува прашања“, НОВА ТВ од 4 и 5 април 2018.

Во три ваши текстови насловени како „Рускиот амбасадор ја прекрши Виенската конвенција“, „Не сме организатори на протестот“, „Шчербак ја прекрши Виенската конвенција, амбасадата поставува прашања“, во кои се спомнува и Единствена Македонија, изнесувате невистини дека на политички протест на Единствена Македонија, рускиот амбасадор Олег Шчербак ја пречекорил Виенската конвенција.

Eве ги фактите:

Прво, немаше политички митинг на кој учествуваше амбасадорот Олег Шчербак, туку имаше пренесување на лична подршка од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев до неговара екселенција Олег Шчербак за срамната и непријателска одлука на македонското МНР за протерување на рускиот дипломат. Подршката беше изразена на простор кој според меѓународното право е под директна јурисдикција на Руската Федерација.

Второ, по врачувањето на подршката од претседателот Бачев, амбасадорот Шчербак си замина во амбасадата, по што, говорници од Единствена Македонија се обратија на присутните, а кое нешто никаде не е забрането, ниту со домашното, ниту со меѓународното право.

Трето, кога веќе ја спомнувате Виенската конвенција за дипломатски односи, Единствена Македонија целосно се согласува со Вас дека постои пречекорување, но прашањето е кој всушност ја пречекорува Виенската конвенција, и кој на кого треба да му се извини!? Искрено жалиме што ТВ Нова пречекорувањето на Виенскатата конвенција го бара на погрешна адреса, бидејќи, Конвенцијата континуирано ја прекршуваат амбасадорите на САД и Велика Британија, Џес Бејли и Чарлс Гарет.

Американскиот и британскиот амбасадор се должни да ги почитуваат законите и прописите на Македонија и должни се да не се мешаат во нејзините внатрешни работи. Меѓутоа, Бејли и Гарет го прават спротивното и излегуваат од нивниот мандат со мешање речиси во сите внатрешно-политички прашања во државата, како на пример, со т.н. антиквизација, спорот со името, двојазичноста, судството, изборните процеси на државно и локално ниво, вршат кадровски функција во заднина со избирање претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, членови на ДИК, во конструираниот процес против уставобранителите за божемен тероризам, Бејли и Гарте дури сугерираа однапред вина за уапсените 36 Македонци за настаните од 27 април и многу други слуачи за кои ни треба многу простор. Според Виенската конвенција за дипломатски односи, Бејли и Гарет немаат овластување да го прават ова и да управуваат со со Македонија, бидејќи Македонија не е под старателство на САД и Велика Британија.

Како и да е, со оглед на просторот, целосно ја изразуваме нашата намера претседателот на партијата Јанко Бачев да учествува во дебатна емисија на ТВ Нова со соговорник кој вие сами ќе си го изберете па да спротиставиме на темата аргументи и контрааргуметни.

Согласно Уставоти и законот на државата Република Македонија кои го гарантираат правото на одговор, имате обврска да ја објавите реакцијата на Единствена Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија