1Фотографија

Венецијанската комисија препорачува сите да добијат буџетски пари за референдумска кампања

Aug 17 2018
(0) Comments

Единствена Македонија ја предупредува пучистичката влада во Скопје дека прави кривично дело со тоа што само владината кампања за референдумот ќе биде покриена со буџетски средства.

Владата знае или би требало да знае дека буџетот го полнат сите граѓани и во услови кога постои кампања на владата да се гласа ЗА на референдумот и кампања на Кризниот штаб од 28 организации за неизлегување и бојкот на референдумот, тогаш е потребно или двете страни да се финансираат од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства.

Дотолку повеќе и Венецијанската комисија препорачува балансирана финансиска презентација што подразбира буџетско финансирање како на владината кампања за референдумот, така и на спротивната страна, во случајов Кризниот штаб за бојкот на референдумот.

На пример, на референдумот во Велика Британија за напуштање на Европската унија, пари од буџетот добија и про ЕУ кампањата и анти ЕУ кампањата, односно, сите политички субјекти без оглед дали биле „за“ или „против“.

Единствена Македонија ја разбира нервозата кај марионетската власт од фактот што народот масовно нема да излезе и ќе го бојкотира референдумот, но, ова не им дава за право на Владата да го третираат буџетот како приватна сопственост.

За флагрантното кршење на Уставот со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампањата само на Владата, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 17 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Опсервер

Вечер прес

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print