9

Боби Крчаноски е нов претседател на ОК Единствена Македонија Кисела Вода

Oct 07 2019
(0) Comments

Вечерва, понеделник, 7 октовмри 2019 во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Кисела Вода за нов претседател на Општинскиот комитет Кисела Вода е избран Боби Крчаноски. На настанот присуствуваше и претседателот на партијата проф. д-р Јанко Бачев придружуван од членовите на Извршниот комитет проф. д-р Вангел Симев и Злате Војноски.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата до 31 декември 2019.

Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 7 октомври 2019

 

 

image_print