115 (фб)

Бејли, Хан, Вајгл…се прочитани блефери, народот да остане спокоен

Jul 18 2018
(0) Comments

Единствена Македонија ги осудува вчерашните отворени закани на Џес Бејл, Јоханес Хан, Иво Вајгл… дека доколку Македонија не стане членка на НАТО и не го промени името нема иднина, дури постоела опасност од закана за нов конфликт налик на оној од 2001.

Заканите со повторување на 2001 се закани од стари структури на темната држава која заедно со терористички организации по светот рушат држави до темел и убиваат народи за добро утро, меѓутоа, направиле предвид дека 2018 не е иста како и 2001.

Очигледно е дека паниката во редовите на овие странски блефери и пучистичката влада во Скопје поприма хистерични размери.

Во овој контест и најновата русофобија на Зоран Заев е смешна ПР операција токму на неговите ментори од „Калето“ кои го губат компасот во геноцидниот и фашистички проект – промена на име, односно, проект за одземање на државата на Македонците по секоја цена, па и со апсења, крв и насилие.

Неуспешните НАТО-журки внесоа дополнителна хистерија и кулминацијата на шизофрената русофобија на марионетската власт во Скопје и „Калето“.

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и граѓаните да останат спокојни, бидејќи, Македонија ќе победи и нема да има промена на името и влез во НАТО и ЕУ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 18 јули 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Опсервер

И Портал

Весник

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print