Фотографија,,,

Бачев со фер понуда до Заев: По силнио шамар од ЕУ, повлечи се од договорот со Грција, врати ги украдените пари и побарај аболиција од народот

Jun 19 2019
(0) Comments

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 19 јуни 2019

Претседателот на Единстена Македонија во изјава за јавноста во врска со недобивањето на датум за преговори од ЕУ рече:

-„Република Македонија не доби датум за преговори со Европската Унија и по најновиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата. Министрите само го поздравија Преспанскиот договор, или со други зборови, националното злосторство што го изврши врз македонскиот народ инсталираната марионетска власт во Скопје.

Излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со прифаќањето на непристоен пазар: датум за преговори за членство во замена за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, односно,  да се избрише се што е македонско за некое обично ветување дека во некоја иднина ќе станеме членка на Унијата иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка, која, прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од петнаесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија и ќе опстане.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Ветувам дека Единствена Македонија ќе го поништи Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право. За предавството на националните интереси, одговорност мора да има.

Но, по силниот шамар за Заев вчера од ЕУ, му нудам фер понуда на Заев да се повлече од Договорот со Грција, да го врати натрупаното богатство од позиција на власт и да побара аболиција од македонскиот народ за националното предавство“ – потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 19 јуни 2019

А1 он

Македонски весник