28 (фб)

Бачев: Нека ни е честит 11 Октомври, денот на народното востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор

Oct 11 2020
(0) Comments

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 11 Октомври 2020

-„Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата започна на 11 октомври 1941 година со вооруженото востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор кои во рамките на глобалниот германски фашизам ја окупира територијата на Македонија, со што, заедно со големата Црвена армија на Советскиот сојуз дојде слободата за народите на светот и остварувањето на сонот за формирање на македонската држава.

Борбата на нашите предци беше македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме од домашните и надворешните непријатели на македонското дело кои сакаат да избришат се што е  македонско и да го срушат сето она што го постигнаа борците во антифашистичката борба со својата храброст, решителност и одлучност.

Пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава, македонскиот народ и сите лојални граѓани на Република Македонија, никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските партизани и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.

Нека е честит 11 Октовмри! Нека е вечно делото на борците во Народноослободителната борба за социјално и национално ослободување на македонскиот народ, да ни е вечна Република Македонија!“ – потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 11 Октомври 2020

image_print