Фотографија,

Бачев му пиша на Иванов: За Македонија се работи, имајте храброст и испратете паралелно писмо со она на Заев до Обединетите нации

Feb 13 2019
(0) Comments

Отворено писмо до претседателот на Републка Македонија д-р Ѓорге Иванов
д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 13 февруари 2019

Господине претседателе,

Верувам дека ги слушнавте информациите дека Зоран Заев ќе испрати писмо до Обединетите нации со кое ќе побара сите држави-членки на ОН да го користат името Република Северна Македонија вклучувајќи ги и оние преку 140 држави што не признаваат под уставното име.

Кога Зоран Заев ќе испрати писмо до ОН, ќе се согласите дека е потребно и Вие да испратите паралено писмо со кое ќе ја разјасните состојбата на меѓународен план со промената на името и ќе ги запознаете членките на ОН дека Договорот за промена на името е ништовен според домашното и меѓународното право.

Според Виенската конвенција за договорно право со која меѓународното право доби „договор за договорите„ (the Treaty on Treates), за валидноста на еден меѓународен договор, за кој се подразбира слободна согласност без уцени и закани, потребно е да бидат исполнети два општи услови, прво, да биде склучен од страна на надлежни органи и второ, да постои дозволен предмет на договарање, а во случајот не е така.

Исто така, ќе информирате дека не е почитуван резултатот од реферндумот на 30 септември, не е потпишан указот, уценети и купени пратеници гласаа за уставните зимени, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија не стојат зад било каков договор меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на македонското име и идентитет.

Севкупно, имаме ситуација која би можела да доведе до меѓународно недоразбирање (international friction), и во таков случај вие треба да побарате тоа да биде испитано на седница на Советот за безбедност на ОН на која и вие би учествувале бидејќи секоја држава – членка на ОН која не е членка на Советот за безбедност, може да учествува без право на глас во расправата кога нејзините интереси се засегнати.

Во преписката со Обединетите нации Вие имате посилна позиција од Заев имајќи ја предвид и домашната практика. Собранието на Македонија на седницата од 29 јули 1992 донесе одлука за стапување во членство во ОН и притоа го овласти претседателот Киро Глигоров да го поднесе барањето за членство во ОН. Глигоров ги водеше и сите разговори/преговори за разликата околу името и за членството во ОН, а не тогашната влада на Бранко Црвенковски.

Оттука, може да се изведе аргументот дека Вие како претседател имате примарно и посилно право од Заев да се појавите пред Обединетите нации.

Во историјата на ОН за првпат два органи од иста држава ќе бидат со спротивни позиции што остава лош впечаток по угледот на државата оти државите на меѓународен план треба да зборуваат во еден глас. Меѓутоа, сега се бориме да не бидеме избришани од светската мапа на нации и треба да преземеме се, дури и по цена на угледот на државата.

Прашањето во Советот за безбедност може да дојде преку секоја членка на ОН или преку постојана членка на Советот или прку Генералниот секретар во смисла на Резолуцијата 845 на Советот од 18 јуни 1993 според која од Генералниот секретар се бара постојано да го известува Советот и навремено да извести за резултатот во врска со името.

Меѓутоа, најдобро е пршањето да го покренете вие претседателе Иванов.

Прашањето мора да се разгледа во Советот за безбедност оти се започна тука на 7 април 1993 кога Советот со Резолуцијата 817 препорача прием а наредниот ден на 8 април 1993 Генералното собрание ја донесе Резолуцијата 225 за прием на „поранешната југословенска Република Македонија„ во членство во ОН без име и без знаме.

Претседателе Иванов, во писмото тргнувам најмалку од три претпоставки кои ги земам за неспорен/утврден/дефинитивен факт, прво, храброст од ваша страна да упатите писмо, второ, изработка на солидна аргументација во писмото и, трето, подршка од Русија и Кина како постојани членки на Советот за безбедност а покасно и жестоко лобирање кај државите што нè признаа под уставното име.

Сега е најбитно да се добие во време, да се проблематизира на меѓународен план  промената на името и на крајот ќе дојде успехот оти на Република Макеоднија и стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми во Обединетите нации за употреба на името – Република Македонија.

Се надевам дека ќе презедетее една поактивна улога на овој план и на крајот на мандатот  ќе застанете на страната на македонскиот народ со што ќе покажете дека сте претседател на Македонците а не на странците.

Договор за промена на името е ништовен според домашното и меѓународното право со што се отвора патот на било која идна власт во државата договорот да биде лишен од правно дејство.

Медиуми:

А1 он

Прес 24

Макпрес

Пулс 24

Тајм

Вести

Дејли

Грид