Канал 5, 24.10.2018 (2)

Бачев: Канал 5 ми изрече забрана поради мојот македонизам, ние кога ќе дојдеме на власт треба да ја затвориме Канал 5

Oct 27 2018
(0) Comments

Во вестите на ТВ „Канал 5„ од 24 октомври 2018 година се изнесени клевети, лаги и политички дискредитации за мене како претседател на Единствена Македонија во врска со моето гостување во емисијата „Само вистина„ во среда, 23 октомври 2018, со најава од ваша страна за забрана за мое гостување во иднина на Канал 5, а кои се неаргументирани и се темелат на вашата сервилност спрема власта и одредени западни странски центри на моќ.

Имајќи ги предвид новинарскиот код и етика на однесување како и законските одредби барам да се објави мојата исправка, без измени и дополнувања, на исто место во содржината на вашата телевизија и на ист начин на оној на кој ја објавивте инфомацијата за мене.

ТВ Канал 5 тврди: „Бачев го искористи моментот и навредите кон високи странски политичари ги упати практично во моментот откако емисијата беше завршена со што грубо ги прекрши етичките кодекси“.

Еве ги фактите: Јас не искористив никаков момент оти поводот не беше мое самоиницијативно произнесување, ТУКУ, РЕАКЦИЈА/РЕПЛИКА на кажаното од мојот соговорник кој на крајот на емисијата во омаловажувачка конотација ги спомна земјите од Евроазиската унија и групата БРИКС во кои живее половината од светското население на што му реплицирав дека иднината е во тие земји, а тој може да продолжи со педерите од западните земји, кои, гледај чудо самите и еден куп други од западот велат дека се со поинаква сексуална ориентација а вие сте згрозени од вистината. Согласно ова, вие ги навредувате, а не јас.

Нова конструкција на Канал 5: „Бачев повторно употребуваше навредлив говор за албанците“.

Еве ги фактите: Соговорникот во емисијата самиот рече да го викам шиптар и дека тоа не е навредливо и дека со задоволство ќе сведочи во моја корист во врска со кривичната пријава против мене за тоа што во друга прилика сум го кажал зборот „шиптар“. За ваша информација на научни основи е докажано дека Шиптар (албански: Shqip(ë)tar) е словенизиран облик на етнонимот со кој Албанците се нарекуваат самите себеси. Називот Шиптари (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народно-ослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними Арбанаси Арнаути, како и Шипнија (Shqipëri, Shqipni) наместо Арбанија (т.е. Албанија). Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија. Значи зборот е албански. Патем, индикативно е тоа што сте ептен потресени за нашите како велите сограѓани Албанци а немате никаква реакција кога на вашата телевизија албански политички лидери и историчари не нарекуваат Северномакедонци, Славофони, Бајрамовци, Фиромани„ а најново еден од тие лидери изнесе ноторна лага дека Македонците се измислени, немаат историја, ги немало во ниеден попис пред 100 години… Според вашата антимакедонска логика, Северномакедонци, Славофони, Бајрамовци, Фиромани не е навреда за Македонците, а Шиптари е навреда за Албанците.

Канал 5: Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, не престанува со скандалите.

Фактите: За мене и за македонскиот народ не е скандал при јавните настапи секогаш да се биде на првата линија во одбрана на највисоките национални и државни интереси. Напротив, сканадал е кога на телевизија гостуваат личности со отворени антимакедонски ставои, или, пијани гости, или, ако една телевизија се заснова на превртлива уредувачка политика во зависност од тоа кој е на власт, или, следи политика на странски центри во Македонија…

На крај, со заканата спрема мене дека повеќе нема место во вашата телевизија извршивте тешка дискриминација на политчка основа што е казниво според Уставот и неколку закони во Македонија. Вие сте приватна телевизија, но, со дејност од јавен интерес и во таков случај немате уставна и законска основа за забрана спрема било кого. Вие можете да се оградите, да тужите ако сте наклеветени или навредени и слично, но, немате право да изрекувате забрана како јавен радиодифузе сервис. Во својата политичка кариера сум имал многу поводи за судска заштита на моите права, но, за мене е несвојствено да „плачам“ по судови како многумина наши политичари. Само ќе го поставам принципелно прашање, ако вие мене противуставно и противзаконито ми најавувате тешка дискриминација, дали тоа значи дека новата легална власт на Единствена Македонија која се навестува и доаѓа, треба да ја забрани Телевизија Канал 5!?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 26 октомври 2018

Медиуми:

ТВ Канал 5

ТВ Канал 5 (после 11м.33с. од видеото)

Опсервер

Фокус

МК новости

И-портал

Ако

Плусинфо

Локално

365

Тајм

Вести

Дејли

Грид