24

Бачев: Единствена Македонија полага корени во историското ВМРО и никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници вмровци во историјата

Oct 23 2019
(0) Comments

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 23 Октомври 2019

– „Дозволете во мое лично име и во името на Единствена Македонија на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да им го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 126 години шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја. Кај овие луѓе се родила идејата дека мора да ја остварат историската оринетација на македонскиот народ за македонска држава, меѓутоа, тие биле свесни дека остварувањето на идејата ќе биде тешка работа. Ја создадоа идејата, за идејата потоа ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото. Делото е самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

Меѓутоа, денеска Републиката е исправена пред сериозен предизвик. Марионетската власт и нејзините странски газди сакаат да избришат се што е македонско. Останува сега на оваа генерација Македонци да го спречиме геноцидот врз македонскиот народ преку бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Ние сме убедени дека ќе победиме во оваа битка. Македонија мора да победи. Впрочем, не им било лесно и нашите претци кои имале јасна кауза. Потребно е сега како Македонци да бидеме единствени и сплотени оти имаме јасна кауза, и таа кауза секогаш се соочувала со проблеми и предизвици и секогаш имала противник, и каузата победувала. Затоа, упатуваме порака дека и ние, оваа генерација Македонци ќе успееме, бидејќи заветот е голем од нашите предци, влогот е голем. Тој влог е врежан во минатото од нашите претци, и ќе биде развиван од нашите деца и внуци во иднината. Тоа е Македонија и Македонците.

Ветувам дека Единствена Македонија која полага корени во исторското ВМРО никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници вмровци во историјата кои ја пролеааа за нашата Македонија. Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Да живее македонскиот народ, Да живеат државјаните на Република Македонија, Да живее Република Македонија“ – потенцираше во честитката Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 23 Октомври 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print