Фотографија

Ацо Николовски шеф на Изборниот штаб на „Македонија-Блокира“, кандидатурата на Филип Петровски ќе се зајакне и со 10.000 потписи

Feb 03 2019
(0) Comments

„Македонија – Блокира„ на синоќешната седница за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните избори го избра Ацо Николовски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија која е дел од „Македонија-Блокира. Ацо Николовски има богато искуство во организацијата на избори и на сенародните македонски протести по повод уставните измени и за време на референдумската кампања.

На седницата беше дискутирано и за подготовките на кандидатот за претседател на „Македонија-Блокира„, Филип Петровски, на конвенцијата во Струга 16 февруари.

Притоа, на седницата се донесе одлука да се соберат и 10.000 потписи за кандидатурата на Петровски бидејќи освен големата подршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ и од „Македонија-Блокира„ каде членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората, со потписите ќе се потврди подршката која Филип Петровски ја ужива меѓу народот со што Петровски би бил надпартиски народен кандидат подржан од „Македонија-Блокира„.

Центар за комуникации на „Македонија-Блокира„
Скопје, недела, 3 февруари 2019

Медиуми:

Фокус

Опсервер

Пулс 24

Скопје 1

Либертас

Охрид Скај

Плусинфо

1 ТВ

Тајм

Вести

Дејли

Грид