115 (фб)

Апанажата на обвинетата Катица Јанева го покажува сиот гнилеж на македонските власти

Nov 03 2019
(0) Comments

Со барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да добива апанажа се покажува сиот гнилеж на македонските власти. Крајно неморално, нечесно и неправедно е Катица Јанева која е обвинета за кривични дела и разрешена поради нестручно и несовесно работење  да добива апанажа.

Единствена Македонија ги повикува пратенциите да го изменат законското решение со кое се овозможува на пратеници и други функционери по престанок на мандатот да добиваат плата во форма на апанажа. Дури и функционери како Катица Јанева која е обвинета и разрешена и не работи повеќе и понатаму да си зема плата од буџетот.

Потсетуваме дека Единствена Македонија уште на 25.08.2009 под ев. собраниски број 3699/1 поднесе Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Реублика Македонија за кратење на функционерските привилегии по престанок на мандатот. Но, од страна на пратениците – целосен молк!

Пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се расправаат за се и сешто во Собранието, но, се единствени и сложни кога се работи за функционерските привилегии.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант и ветува дека ќе ги укине скандалозните функционерски привилегии за бесмилосното трошење на народните пари и непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 3 ноември 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Дејли

Вести

Грид