115 (фб)

Али Ахмети го губи компасот, му гарантирал на Палмер дека бришењето на Македонците е завршена работа

Oct 31 2019
(0) Comments

Од ДУИ се пофалија дека на денешната средба со заменик – помошникот секретар на САД Метју Палмер, нивниот лидер Али Ахмети истакнал дека ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот како и на Договорот со Бугарија од кои како што рекол Ахмети нема враќање назад во ниту еден случај.

Очигледно е дека Али Ахмети го губи компасот. Единствена Македонија гарантира дека Али Ахмети од албанскоот малцинство во никој случај нема да одлучува за судбината на македонскиот народ. Иднината на Македонија ќе биде согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант на волјата на македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија од референдумот лани на 30 септември дека не сакаат во ЕУ и НАТО и промена на името.

Антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско се спротивни на меѓународното право и волјата на македонскот народ. Единствена Македонија е гарант дека антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско ќе бидат поништени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 31 октомври 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Дејли

Вести

Грид