1

Александар Стамков е нов претседател на ОК Единствена Македонија Гевгелија

Nov 14 2019
(0) Comments

Вечерва, четврток, 14 ноември 2019 во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Гевгелија за нов претседател на Општинскиот комитет Гевгелија е избран Александар Стамков. На настанот присуствуваа и претседателот на партијата Јанко Бачев и генералниот секретар Ацо Николовски кои беа дочекани со леб и сол: традицинален македонски пречек.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата до 31 декември 2019.

Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Гевгелија, четврток, 14 ноември 2019

 

image_print