14

Ако Заев е искрен за една изборна единица, нека го предложи Изборниот законик со европско знаме и амандманите на ДУИ стануваат безпредметни

Dec 17 2019
(0) Comments

Сите очи на оние кои се залагаат за една изборна единица се свртени кон СДСМ и ДУИ и можниот епилог од нивната расправија дали ќе дојде до промена на изборниот модел од шест во една изборна единица.

Како што е познато, СДСМ се залага за една изборна единица и во Собранието веќе има мнозинство од 61 пратеник кои подржуваат изборен модел со една изборна единица, додека ДУИ најавува собраниска блокада со поднесувањето на 5.000 амандмани на Изборниот законик.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев доколку навистина е спремен за промена на изборниот модел, да ги испрати во Собранието измените и дополнувањата на Изборниот законик со европско знаме и во таков случај според собранискиот Деловник за работа е предвидена посебна итна постапка со што купот амандмани на ДУИ стануваат безпредметни.

Но, ова претпоставува една претходна состојба од Заев да не се плаши од Али Ахмети оти досегашното функционирење на владата на СДСМ и ДУИ покажува дека Заев е само номинален премиер, а вистинскиот газда во владата е Али Ахмети.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 17 декември 2019

Макпрес

image_print