fotos

Војноски: Преговори за кризата со турска, ромска, српска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, а не меѓу две македонски и две албански партии

Jul 14 2016
(0) Comments

Изјава, НДМ
Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ
Скопје, 14.07.2016 (четврток)

Почитувани,

Народно движење за Македонија ја информира јавноста дека денеска го поднесе најавениот предлог до Никола Груевски и Зоран Заев за нов формат на учесниците во преговорите за кризата, земајќи предвид дека преговорите не треба да се одвиваат според формулата за учество само на две албански и две македонски партии.

Со овој предлог денеска ги запознавме и нивните екселенции, амбасадорите на САД и Европската Унија во земјата, господата Џес Бејли и Аиво Орав како учесници во преговорите за кризата.

Досегашната воспоставена пракса во Македонија, кога има политичка или било каква друга криза која ги допира витални државни интереси на Македонија, преговарањето да се одвива само помеѓу две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива, недозволива, загрижувачка и опасна состојба за Македонија.

Формулата за учество во преговорите само на две македонски и две албански партии не ја одразува реалноста во земјата, а со ова се поткопува и унитарноста на Македонија, дотолку повеќе, секаде во Европа државите базираат и ја почитуваат унитарноста со мнозински народ и гарантирана положба на сите малцинства.

НДМ како национална партија, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана во овие тешки моменти за земјата, заради што сме исправени пред предизвикот да преземеме една поактивна улога и на овој план.

НДМ силно апелира до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да го прифатат нашиот предлог за промена на форматот на учесниците во преговорите кој дава најизгледни шанси за решение за кризата на задоволство на македонскиот народ и сите национални малцинства во земјата.

На крај, денешниот предлог на НДМ до Никола Груевски и Зоран Заев не е прашање на моментот туку модел за решение на сите евентуални кризи во иднина.

Ви благодарам,

Медиуми:

МТВ (после 18м:45с.)

А1он

Мактел

Локално

ТВ Нова

Тајм

Грид

Б2

Вести

ТВ 21

Веб страна

Канал Јутуб

image_print