170

Мајкиќ:Уставниот суд мора да ја расчисти дилемата за душевната способност на Иванов за вршење на функцијата

Jul 15 2016
(0) Comments

Изјава, НДМ
Марија Мајкиќ, член на Извршниот комитет на НДМ
Скопје, петок, 15 јули 2016

Почитувани,

Како што е познато, Народно движење за Македонија на 1 јуни 2016 поднесе Иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

Иницијативата на НДМ се сведува на тоа што при иста реалност во земјата, претседателот не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки за иста фактичка и правна ситуација и притоа и за двете одлуки вели дека се во интерес на народот и државата.

Оттука, основано се појави сомнежот дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба и размислувањето на Ивaнов да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема во врска со аболицијата.

Уставниот суд со Известување не информираше дека нема да постапува по Иницијативата за утврдување на спреченост на претседателот да ја врши функцијата.

Меѓутоа, пред три дена медиумите објавија дека Уставниот суд не ја ни разгледал Иницијативата на НДМ и истата воопшто не им била доставена на судиите на Судот.

Оттука, за ваквото скандалозно постапување денеска со писмен допис ја запознавме претседателката на Уставниот суд од која бараме да се заложи за отстранување на прекршувањата на Деловникот на судот.

Поточно, бараме да се постапи согласно Деловникот на Уставниот суд и по Иницијативата на НДМ веднаш да се образува предмет во судот и да се постапува во смила да се отфрли Иницијативата или пак да се поведе постапка во врска со Иницијативата.

Но, како и да е, во секој случај Уставниот суд треба да донесе решение потпишано од претседателката на судот како што е пропишано со Деловникот, бидејќи, не постои правно овластување за Иницијатива пред Уставниот суд да се одлучува со Известување на секретарот како што било во нашиот случај.

Едно треба да му биде јасно на Уставниот суд.

Никој не е над законите и уставот на Република Македонија.

Јасно е, владеењето на правната држава и законот мора да важат за сите подеднакво.

Оттука, целата одговорност за почитување на Деловникот на Уставниот суд паѓа на претседателката на Уставниот суд.

Ви благодарам,

Медиуми:

А1он

Плусинфо

Мактел

Локално

Репортер

Подгорци

Тајм

Грид

Вести

Б2

Дејли

Фокус

ТВ 21

Фаланга

Вебстрана

Канал Јутуб

image_print