169

Доколку Избирачкиот список е фаличен, да се поништи и референдумот за Кичево и Струга бидејќи се спроведе со истиот Избирачки список

Jul 12 2016
(0) Comments

Прес конференција,
д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, вторник, 12 јули 2016

Почитувани,

На вчерашната средба на помошничката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, меѓудругото, се констатира и волја за прочистување и на Избирачкиот список.

Значи, јасно е, конструирана е согласност дека Избирачкиот список е фаличен.

Во овој контекст, да потсетам, Собранието на Република Македонија на 3 септември 2004 распиша референдум за новоусвоениот Закон за територијална организација.

Овој референдум се одржа на 7 ноември 2004 токму врз основа на истиот Избирачки список, бидејќи согласно Законот, право на гласање на референдум имаат граѓаните кои имаат избирачко право и се запишани во Избирачкиот список.

Да потсетам, со рефередумот од 2004, Кичево и Струга станаа општини со доминантно албанско население и се воспостави една опасна етничка состојба од Липково до Струга без да се води сметка за општо прифатените научни критериуми, според кои се вршат територијалните организации во државите.

Патем, со референдумот дојде и до припојување кон Градот Скопје на општините Сарај и Кондово и голем број села кои се одалечени и повеќе од 20 км кои немаат ниту канализација и телефонска мрежа а станаа градски средини, со што, бројот на Албанците недозволиво се зголеми на преку 20 отсто и главниот град стана двојазичен.

На рефереднумот во 2004 од вкупно запишаните 1.709.536 гласачи во Избирачкиот список, гласаа 454.347 од кои „ЗА„ гласаа 427.112 или 95.06 отсто, а „против„ гласаа 22.212 или 4,94 отсто.

Како што гледате, иако големо мнозинство гласаше „ЗА„ сепак референдумот беше неуспешен, бидејќи излезноста беше под 51 отсто како што налага законот.

Тоа е веќе историја.

Сега, по вчерашниот заклучок на Нуланд и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА дека е потребно прочистување на Избирачкиот список, се поставува прашањето за легалноста на референдумот во 2004 кој има тешки последици за земјата до денешно време.

Оттука, Народно движење за Македонија презема една поактивна улога и на овој план и на денешната прес конференција ја известуваме јавноста дека ќе поднесеме Иницијатива до Собранието за поништување на неговата одлука од 2004 за распишување на референдумот.

НДМ не гледа причини зошто да не се поништи и повтори рефередумот од 2004 со оглед дека сега имаме нова реалност на фактичко признание за неправилен Избирачки список, а референдумот во 2004 се спроведе со Истиот избирачки список и со истите органи (ДИК, ОИК и избирачките одбори).

Истовремено, со поништувањето на референдумот се дава втора шанса на најодговорните, и тогаш и сега – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да отстранат една голема хипотека од себе, земајќи ги предвид нивните тогашни залагања околу референдумот.

Од друга страна, за НДМ нема дилема. Со поништувањето на референдумот ќе се исправи една голема неправда спрема Македонија и Македонците со немерливи последици до денешно време за виталните национални интереси.

Ви благодарам,

Медиуми

МРТ

МРТ (после 19м.:10с.

Нова ТВ

Мактел

Револуционермк

image_print