187

Првата прес конференција на „Македонија – Бојкотира„ во 16:00 часот за текот на референдумот

Sep 30 2018
(0) Comments

Прес конференција, Кризен штаб против референдумот
Драган Угриновски, Координатор на Кризниот штаб против референдумот
Скопје, 30 септември, 2018

Почитувани присутни

Како што е познато во јавноста Кризниот штаб против референдумот кој води кампања под слоганот „Македонија – Бојкотира за денешното  референдумско гласање определи 1.646  набљудувачи кои се надвор, пред избирачките места на законски определената одалеченост и кои ја бележат на соодветни листови со цртки само излезноста на гласачите.

Со овој број на набљудувачи се покриваат 2.650 избирачки места земајќи во предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места.

На овој чекор се одлучивме нашите набљудувачи да бидат надвор во дворовите пред избирачките места од причина што Државната изборна комисија не дозволи на нашиот Кризен штаб во кој има 70 организации (партии и патриотски здруженија) да има свои набљудувачи внатре во просториите каде се гласа.

Според нашите податоци од терен, до 10 часот излезнота е околу 3 отсто, додека до 12 часот излезноста е околу 7,5 отсто.

На ова прес конференција сакаме да информираме за излезноста до 15 часот.

Според податоците од нашите набљудувачи излезноста до 15 часот е околу 19 отсто.

Значи, уште сега можеме да кажеме дека референдумот нема да успее оти македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Истовремено добивме информации дека во штабот на марионетската влада има вистинска паника од слабата излезснот и дека се прави очајнички обид да се сменат работите во последен момент.

Така, нашите информации од теренот говорат дека на пример, Битола е окупирана со стотици возила со скопски и тетовски регистарски таблици кои треба со закани да ги вадат луѓето да гласаат, во Струмица во т.н. ѓупско мало каде живеат околу 5.000 луѓе масовно се врши поткуп на гласачите Роми за да излезат да гласат, во Шуто Оризари масовно се агитира иако е молк и масовно се носат луѓето во групи на гласање.

Најнова битна информација што ја добивме е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети не ги пушта Албанците на гласање и во моментот на средба со Заев врши пазарење за нешто многу крупно, највероајтно за кандидат за претседател Албанец на скорешните претседателски избори, за возврат да нареди масовно полнење на кутиите во последните три саати од гласањето во општините со доминантно албанско население.

Меѓутоа, џабе се сите притисоци и незаконски дејствија на марионетската власт, референдумот нема да успее, народот масовно е против промена на името и членство во НАТО.

Македонија победува, Македонија на Македонците.

Следната наша прес конференција е во 19:30 часот на која ќе ги соопштиме конечните резултати од нашите набљудувачли на терен.

Ви благодарам,

ТВ Русија 24

А1 он