Фотографија

Поднесуваме кривична пријава од која се гледа дека се украдени околу 17.000 потписи на Филип Петровски

Mar 21 2019
(0) Comments

Изјава, „Македонија-Блокира„
проф. д-р Јанко Бачев, д-р Филип Петровски
Скопје, четврток, 21 март 2019

„Македонија-Блокира„ денес, четврток, 21 март до Основното обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против членовите на Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на д-р Филип Петровски за претседател на Република Македонија.

Во изјава за медиумите кандидатот за претседател од „Македонија-Блокира„ Филип Петровски рече: – „Ние од Кризниот штаб „Македонија – Блокира„ што се бореше против промена на името и предвремени избори, како „Македонија-Блокира„  што ме предложи за претседател на Република Македонија поднесуваме кривична пријава против ДИК затоа што во постапката за собирање на потписи воочивме серија неправилности кои не беа случајни, туку, напротив, беа добро смислени за да се спречи секој кој не одговара на корумпираните политички елити да биде кандидат за претседател на државата. Очигледно е дека ќе имаме наместени избори кои нема да бидат слободни и демократски, а кандидатите кои се дозволени се „манџуриски„ кандидати – споредбата е за кандидати кои се целосно контролирани од центри на моќ и не служат на интересите на државата. Не беше дозволено македонскиот народ да има свој кандидат поради големото незадоволство од промената на името, а јас тоа ќе го спречев, водев на сите анкети, но, со процедурата која беше далеку од демократска беше оневозможено да се кандидирам. Затоа со конкретни елементи ја поднесуваме кривичната пријава и очекуваме како во случајот со Струмица каде што е осудена целата ДИК, очекуваме обвинителството да постапи и сега и да се произнесе што поскоро и да се види дека овие избори се движат во лоша насока и не е возможно да се кандидирате доколку не сте подржани од корумпирана политичка елита“ – истакна Петровски.

Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: -„Станува збор за издржана кривична пријава со квалитетни докази. Веруваме дека обвинителството ќе биде на висина на задачата, бидејќи од доказите недвосмилено произлегува дека членовите на ДИК, службеници во подрачните канцеларии на ДИК и службеници во ДКП во странство сториле три кривични дела: злоупотреба на службената положба, уништување на изборен материјал и попречување на избирачкото право. Произлегува дека пријавените ги извршиле овие кривични дела, не сакаме сега да навлегуваме во позадината, бито е да почне постапката а после да се видат и инспираторите, нарачателите и извршителите. Како и да  е, едно е јасно, Филип Петровски ги собра потребните потписи. Ние сериозно се спремавме уште пред започнувањето на постапката за собирање на потписи и ние во нашите интерни списоци имавме околу 17.000 потписи, од кои околу 9.000 во земјата и околу 8.000 во дијаспората. Но дојде големиот удар од ДИК, не ги отворија сите 80 општински канцеларии на ДИК и 41 ДКП во странство и на тој начин го спречија Филип Петровски да ги собере и формално потребните 10.000 потписи“ – истакна Бачев.

Центар за комуникации на „Македонија-Блокира„
Скопје, четврток, 21 март 2019

Медиуми:

ТВ Сител

ТВ Канал 5

ТВ 21

1ТВ

Пулс 24

Пулс 24

МИА

Вечер прес

Република

4Новости

Фокус

365

Магазин

Цивил медиа

Макпрес

Флеш

Пост

Журнал

Тајм

Вести

Дејли

Грид