(ВИДЕО) Николовски: Поднесовме Иницијатива за референдум, постапката за прием во НАТО уште не е завршена оти според уставот сега треба и референдум

Изјава, Единствена Македонија
Синиша Николовски, портапрол на Единствена Македонија
Скопје, среда, 12 февруари 2020

Почитувани,

Вчера Собранието на Република Македонија го донесе Законот за ратификација на Северно атланскиот договор. Претходно, Собранието на 23 декември 1993 година донесе Одлука за стапување на Република Македонија во членство во НАТО.

Вчера слушнавме дека по донесувањето на овие акти Република Македонија веќе била членка на НАТО.

Меѓутоа, тоа не е точно. Со донесувањето на Одлуката и ратификацијата на НАТО-договорот, постапката за прием во НАТО со тоа не е завршена.

Уставот на Република Македонија мошне јасно ја утврдува постапката за прием на Македонија во сојузи. А НАТО според своите документи не се смета за меѓународна организација, туку самиот се дефинира како Сојуз, односно, НАТО – Сојуз или на англиски во оригинал NATO – Alliance.

Според Уставот на Република Македонија (член 120) актите донесени од Собранието за членство на Република Македонија во НАТО – Сојузот се сметаат за усвоени ако на референдум за нив глaсале мнозинството од вкупниот број избирачи.

Значи, внимавајте добро, според Уставот сега е потребно Собранието на Република Македонија да распише референдум за усвојување или неусвојување на актите за прием на Република Македонија во членство во НАТО – Сојузот. Според Уставот, последниот збор за членството на Македонија во НАТО треба да го кажат на референдум македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Очекуваме пратениците да ја започнат законодавната постапка за распишување референдум за членството во НАТО. Затоа, денеска со Писмо-предупредување ги потсетуваме пратенциите да го почитуваат Уставот. Во спротивно, за кршење на Уставот како највисок правен акт во државата, одговорност мора да има.

Ви благодарам,

                                                                                                                                                    

 Интегралниот текст поднесен во Собранието

 

                                                                                                                                     ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА*

                                                                                                                                                                                                                                           СКОПЈЕ

Врз основа на член 71 став 2 од Уставот на Република Македонија и членовите 133 и 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Единствена Македонија поднесува Иницијатива за распишување на референдум за членство на Македонија во НАТО – Сојузот во смисла на член 120 од Уставот со прилог Писмо – предупредување до пратениците за последиците од непочитување на Уставот, што ги утврди на седницата на Извршниот комитет на Единствена Македонија, одржана на 11.02.2020 година.

Во смисла на член 133 став 2 и член 137 од Деловникот на Собранието за обврската Иницијативата да се достави до сите пратеници, согласни сме истата во свое име да ја процесуира пратеничка група или независен пратеник.                                                                                                                                          ______________________________________________________________________________________________________________________________________

*Единствена Македонија не го признава изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија се до уставната оценка на одлуката за негов избор од страна на Уставниот суд.

 

 

ПИСМО – ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

до сите пратеници во Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија како претставнички орган на народот и носител на законодавната власт на Републиката го донесува Уставот на Република Македонија.

Вие како претставници во највисокиот законодавен дом во Република Македонија имате обврска да го почитувате Уставот на Република Македонија.

Вчера, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за ратификација на Северно атланскиот договор. Претходно, Собранието на 23 декември 1993 година донесе Одлука за стапување на Република Македонија во членство во НАТО.

Вчера, по донесувањето на овие акти слушнавме дека Република Македонија била веќе членка на НАТО. Меѓутоа, тоа не е точно. Со донесувањето на Одлуката и ратификацијата на НАТО-договорот, постапката за прием на Македонија во НАТО со тоа не е завршена.

Уставот на Република Македонија мошне јасно ја утврдува постапката за прием на Македонија во сојузи. НАТО според своите документи не се смета за меѓународна организација, туку самиот се дефинира како Сојуз, односно, НАТО – Сојуз или на англиски во оригинал NATO – Alliance.

Според Уставот, потребно е исполнување на два услови за стапување на Македонија во НАТО – Сојузот, првиот, двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници и вториот, мнозинство од вкупниот број избирачи на референдум.

Значи, сега е потребно Собранието на Република Македонија да распише референдум за усвојување или неусвојување на актите донесени од Собранието за прием на Република Македонија во членство во НАТО – Сојузот. Според Уставот, последниот збор за членството на Македонија во НАТО треба да го кажат на референдум македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Така пропишува Уставот на Република Македонија.

Затоа, ве потсетуваме на вашата обврска да го почитувате Уставот. Во спротивно, за кршење на Уставот како највисок правен акт во државата, одговорност мора да има.

Член 120 од Уставот на Република Македонија:

Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Одлуката за стапување или истапување од сојузи или заедници со други држави е усвоена, ако на референдумот за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 12 февруари 2020

А1 он

Макфакс

Точка

Македонски весник

Макпрес

Тајм

Грид

Вести

Дејли