-Фотографија

Отпорот против хунтата станува пожесток: Од петок ќе се блокираат и раскрсниците во Скопје

Dec 05 2018
(0) Comments

Прес конференција „Македонија – Блокира„
Драган Угриновски, среда, 5 декември 2018

Почитувани,

„Македонија-Блокира„ на денешната прес конференција се осврнува на две прашање, прво, за нашите идни активности, и второ, за најавената јавна дебата на Владата за уставните промени.

„Македонија – блокира„ од 1 декември започна со 24-часовно блокирање на просторот пред Собранието и еве веќе пети ден отпорот продолжува против намерата на хунтата да ги избрише македонскиот народ и македонската држава.

Претходно имавме посети на домови на одметнатите пратеници на кои им врачивме писма за причините зошто не треба да гласат за уставните измени како и блокирање на автопатот и граничниот премин кон Грција.

Ја информираме јавноста дека од петок ги прошируваме нашите активности кога во попладневните часови ќе започнеме со блокади и на раскрсници во Скопје.

Свесни сме дека сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваме на разбирање, бидејќи, ова не го правиме за личен интерес или за партиски интерес или за интерес на некое здржение или воопшто за било каков интерес, туку за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Вчера слушнавме дека владата во наредните пет дена ќе организира јавни дебати и дијалог за нацрт-амандманите за измена на Уставот. Гледајќи го списокот на учесници на јавните дебати ова е уште една голема измама од Владата.

Учесници на јавната дебата ќе бидат нам добро познатите владини пиони како што се Љубомир Фрчковски, Владо Поповски, Светомир Шкариќ, Нано Ружин, Ѓорги Спасов, Темелко Ристески, Беса Арифи, Блерим Река, Маргарита Цаца Николовска, Таки Фити, Владо Камбовски кои заедно со марионетите Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Бујар Османи и Никола Димитров ќе глумат некаква јавна дебата и дијалог за уставните промени, а ова всушност ќе биде монолог на одродени македонци.

Затоа, го повикуваме марионетата Зоран Заев да одговори јавно дали е спремен да учествува и на јавна дебата за уставните промени организирана од „Македонија-Блокира“ на која пред македонскиот народ ќе образложи зошто сака бришење на се што е македонско.

Почитувани приустни,

Влегуваме во финалната битка со марионетската власт за одбрана на македонскиот народ и македонската држава.

Во оваа броба или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи за да останеме свои на своето. Трето нема.

Целта на сите наши активности е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер.

Ние сме силно убедени дека оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори.

Го повикуваме и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи во оваа борба која е при крај и завршува околу средината на јануари.

Го повикуваме народот да излезе на улица и масовно да ги подржи актвностите на „Македонија-Бклокира„ бидејќи само така ќе ја спасиме и одбраниме Македонија.

Само така Македонија ќе победи!

Благодарам,

Медиуми:

А1 он

Пулс 24

Опсервер

ТВ Сител

ТВ 21

ТВ 24 вести

Нова ТВ

ТВ Алфа

ТВ Сител

1 ТВ

Курир

Република

Фокус

Радио Слободна Европа

Новости

Плусинфо

МКД

Скопје инфо

Прес 24

Слободен печат

24 Инфо

Локално

МТМ

Макпрес

Вечер прес

Нова Македонија

Либертас

Стандард

МИА

Е-магазин

Економски

Кајгана

Тајм

Вести

Дејли

Грид