Фотографија

Ова зло има име, се вика Зоран Заев и од утре започнува неговиот пораз

Nov 30 2018
(0) Comments

Прес конференција, Драган Угриновски,„Македонија-Блокира“
Скопје, петок, 30 ноември 2018

Почитувани,

„Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората, утре, 1 декември, во 12 часот започнува со големиот Сенароден протест пред Собранието на Република Макеоднија.

Во исто време, Собранието утре започнува со расправа по нацрт-амандманите за промена на Уставот со кој се брише се што е македонско.

„Македонија-Блокира„ ја започнува финалната битка со марионетската власт за одбрана на вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Во оваа броба или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи за да останеме свои на своето. До таму е дојдено, трето нема. Или тие или ние!

Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер.

Ова е момент кога Татковината повикува и сите ние единствени и сплотени ќе успееме против злото во Македонија. Оваа зло што му се случува на Република Македонија има свое име. Се вика Зоран Заев кој со своите странски газди сака да сруши се што е македонско.

Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер.

Повикуваме на разбирање од народот за сообраќајните гужви што ќе следат во периодот што следи бидејќи ќе има секојдневни блокади.

Исто така, го повикуваме и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на големиот Семакедонски народен протест оти ова не е битка за поединци или за власт туку е битка за Македонија и Македонците.

Повикуваме и очекуваме масовно присуство на Семакедонскиот народен протест пред Собранието, ден сабота, 1 декември, во 12 часот.

Само така Македонија ќе победи!

Ви благодарам,

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Весник

Инфомакс

Вечер

Центар

Точка

ТВ Сител

Тајм

Дејли

Вести

Грид