Фото 7

Единствена Македонија се залага за поништување на Договорот со Грција и спроведување на попис

Jul 02 2020
(0) Comments

Изјави, Коалиција Никогаш северна – само Македонија
Билјана Џинго, Јанко Бачев, Јове Кекеновски
Скопје, четврток, 2 јули 2020

Билјана Џинго истакна: Како носителка во првата изборна единица од Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“, денеска имав средби со избирачите од општините Карпош и Центар.

Некаде сме на средината на кампањата, јас сум секој ден на средби со народот, и можам да го изразам моето големо задоволство, бидејќи народот масовно ги прифаќа нашите стратешки определби од Платформата „Битка за Македонија“.

Ние се заветуваме дека нема да отстапиме од исполнувањето на десетте стратешки определби од Платформата кои се нашиот план и визија за Македонија.

Сега е најбитно да си ја вратиме државата назад, а после лесно се решаваат реалните проблеми на народот. Економската наука се погрижила да изнајде механизми како се прави економски силна држава со убав стандард, какви даноци треба да има и слично.

И во  економско-социјалниот дел остануваме во служба на народот, семејството, стандардот, одгледувањето и воспитувањето на здрава млада популација. Во нашата економска програма предвидовме 1.066 мерки, за кои нашите пратениците одлучно ќе се залагаат во Собранието.  

Значи се се може. Потребни се само чесни политичари. Во Македонија во изминатите 30 години се украдени околу 15 милијарди евра. Предвидуваме ревизија и одземање на украденото во приватизацијата на СДСМ и постприватизацијата на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт во изминатите 30 години.

На Македонија и требаат чесни политичари. Не случајно постојано бараме од народот да бара од секој кандидат да ја даде на увид својата биографија.

Спасот и просперитетот на државата и народот ја гледаме само во чесни политичари без ниту една криминална афера во својата кариреа, повторувам, без ниту една криминална дамка во својата кариера.

На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои 30 години се менуваат на власт а на државата не и оди добро.

Главата горе Македонци. Ова е наша држава. Ние одлучуваме!

На 15 јули гласајте за Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ и бројот 11 за да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија држава со убав економски стандард за живеење.

Медиуми:

Макфакс

А1 он

Весник

Вечер

Независен

Утрински весник

Опсервер

Грид

Вести

 

image_print