Фотографија

Единствена Македонија не го признава резултатот од референдумот – над 90 илјади гласови злоупотребени со груб фалсификат

Oct 05 2018
(0) Comments

Прес конференција, Единствена Македонија
Билјана Џинго, членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија
Скопје, петок, 5 октомври 2018

Почитувани присутни

Како што е познато, Кризниот штаб против референдумот во кој членуваа 72 организаци од земјата и странство – партии и здруженија и кој водеше кампања под слоганот „Македонија – Бојкотира„ на 30 септември, за време на одржувањето на референдумот имаше 1.646  набљудувачи кои беа распоредени надвор пред избирачките места на законски определената одалеченост и кои ја бележеа на соодветни листови со цртки излезноста на гласачите.

Со овој број на набљудувачи беа покриени 2.650 избирачки места земајќи во предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места.

Нашите набљудувачи беа надвор во дворовите пред избирачките места, од причина што, Државната изборна комисија не дозволи Кризниот штаб да има свои набљудувачи внатре во просториите каде се гласа.

Оперативниот центар на Кризниот штаб во изминатите денови ги сумираше резултатите од сите соодветни листови со цртки за излезноста кои пристигнаа од нашите набљудувачи.

Денеска ја информираме јавноста дека според податоците што ги добивме излезноста е околу 32 отсто или на гласање излегле околу 576 илјади гласачи.

Според ДИК излезени се 36,91 или 666.743 илјади гласачи што е разлика споредено со нашите податоци од околу 90.000 гласачи.

Значи, се обистинуваат информациите дека на денот на гласањето во периодот од 17 до 19 часот масовно се полнети кутиите. Дури, според податоците, на избирачки места во средините каде живее албанското малцинство на секои 11 секунди гласал по еден гласач што е само посебе надвор од секаква изборна и човечка логика.

Ја користам приликата да спомнам дека сеуште останува мистерија изненадната попладневна средба на самиот ден на референдумот меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Но, непобитен факт е дека по оваа средба на самиот ден на референдумот, поточно после 17 часот, масовно се полнети кутиите во средините каде живее албанското малцинство.

Значи, злоупотребени се околу 90 илјади гласови со грубо полнење на кутии, како и големиот број притисоци што се случуваа пред референдумот.

Се виде дека џабе беа сите притисоци на марионетската власт, референдумот е неуспешен, народот масовно е против промена на името и членство во НАТО.

Почитувани присутни,

Единствена Македонија и Кризниот штаб против референдумот „Македонија – Бојкотира„ ја информира јавноста дека не ги признаваат референдумските резултати, а гласањето на 30 септември го оценуваме како тежок фалсификат за што говорат неспорните податоци од лице место.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која се навестува и која доаѓа ќе биде целосно испитување на референдумскиот фалсификат, за што одговорност мора да има.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 5 октомври 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Тв 21

Точка

Актуелно 24

Тајм

Вести

Грид

Дејли