
(ВИДЕО) 84 организации од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за соработка против уставни измени, распуштање на Собранието и распишување избори
-
- Posted in Прес конференции
- Tags:
Денес, недела, 4-ти ноември 2018, осумдесет и четири организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.
Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на одметнатите и уценети пратениции, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат.
Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или ќе победиме за да останеме свои на своето, трето нема. До таму е дојдено. или тие или ние. Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер – беше истакнато меѓудругото на потпишувањето на Повелбата за стратешка соработка.
Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот „Македонија-Блокира„.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 4 ноември 2018
Медиуми:
А1 он; Макфакс; Пулс 24; Дојче веле; МКД; Весник; Вечер; Актуелно 24; Центар; Макпрес; Прес 24; Фактор; Журнал; МТМ Скопска; ТВ Телма; ТВ 21; ТВ Аласат-М; ТВ Канал5; Тајм; Вести; Вести 2; Дејли; Грид
Целосен текст на Повелбата за стратешка соработка со списокот на потписници: