199

(ВИДЕО) Министерот Спасовски лаже, акцијата за откривање на атентатот на Глигоров е укината

Oct 04 2018
(0) Comments

Прес конференција, Единствена Македонија
Драган Угриновски член на Узцршниот комитет на Единствена Македонија
Скопје, 4 октомври 2018

Почитувани,

Повторно 3-ти октомври е уште едно потсетување, дека пред 23 години беше извршен обид за атентат врз Киро Глигоров, кога врз неговото службено возило беа активирани 20 килограми експлозив со далечинска команда, кои се наоѓале во паркиран автомобил.

Вчера, министерот во МВР Оливер Спасовски рече дека во МВР и натаму се води постапка против непознат сторител.

Ова е една од подмолните лаги со која во изминатите години се замајува јавноста дека во МВР истрагата не е затворена.

Меѓутоа, денес на многу конкретен начин, ќе и покажеме на јавноста дека кажаното од МВР дека се работи на атентатот е една голема лага.

Прес конференција Единствена Македонија, четврток, 4 октомври 2018 – Угриновски: МВР лаже дека работи на атентатот врз Глигоров

Posted by Единствена Македонија on Thursday, October 4, 2018

Ова е интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција. 

Во овој документ јасно стои, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција Автомобил во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ – завршен цитат.

Повторувам, Штабот на Оперативната акција „Автомобил„ се укинува.

Да појаснам: по атентатот е заведена оперативна акција со кодно име „Автомбил„, во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан.

Меѓутоа, од презентираниот документ произлегува дека Штабот и оперативната акција Автомобил не постојат повеќе, и притоа како што може да се види  во вториот пасус од документот, агентите на тајната полиција се насочуваат за евентуално добиените сознанија да ги известуваат соодветните организациони единици.

Ова според полициската практика е скандалозно, бидејќи атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР.

Или со други зборови кажано, атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста – за евентуално случајно добиени сознанија да се известуваат соодветните организациони единици, бидејќи нема систематско и организирано работење во рамките на ОА Автомобил која се укинува. 

Значи, останува да чекаме случајно да се открие атентаторот кој пред 23 години сакаше да ја дестабилизира државата!

После овој сканадолозен документ, со кој се укинува Штабот и оперативната акција „Автомобил“, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е:

Зошто МВР и понатаму продолжува со лажење на сопствените граѓани дека се работи на откривање на атентаторот врз Глигоров, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати?

Зошто МВР го лажеше и самиот Глигород до неговата смрт дека се работи на атентатот, наместо отворено да му кажеа дека токму заради неработењето, истрагата никогаш не била блиска ниту до мотивите, ниту до извршителите? 

Оттука, јавноста сеуште чека одговор на прашањето – Кој ги укинал Штабот и оперативната акција Автомобил?

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 4 октомври 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Актуелно 24

Тајм

Грид

Вести

Дејли