Untitled

(ВИДЕО) Македонија-Блокира пред домот на Пешевски: Срамно е да ги повикувате пратениците да прават национално предавство

Nov 23 2018
(0) Comments

Педесетчлена делегација на „Македонија-Блокира„ синоќа беше пред домот на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски да му предаде протестно писмо како реакција на неговото отворено писмо во кое ги повикува и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставните измени со кои се брише се што е македонско.

-„Силно сме изненадени што и ти Пешевски се вклучуваш во националното предавство со повикот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставните измени а што бара тука и овој кордон полиција да те чува од сопствениот народ. Со кој лик ја повикуваш на предавство и партијата ВМРО-ДПМНЕ која ти овозможи висока држава фунцкција десетина години иако стана нејзин член во моментот на добивање на функција. Идикативно е што во писмото бараш амнестијата да не важи само за 27 април, туку да ги опфати сите обвинети од СЈО, но, ти си обвинет за економски криминал или за проневера на 155 милиони евра за кинеските автопати. Значи, кај тебе нема политички прогон како кај 8-те пратеници, туку си обвинет за финансиски  криминал кој условно кажано лесно можеш да го докажеш оти или си проневерил или не си проневерил буџетски пари. Ако си невин и народот ќе те брани, ако си проневерил милони евра од буџетот и ние ќе те затвориме. Затоа, не ти е потребна таква авантура сега кога дел од 8-те пратеници се спремни за покајание и прошка. Не наседнувајте на лагите на Заев, ем ќе се гласа за уставни измени ем ќе ве затвори. На пролет ќе има избори, ќе има промени, ако сте невин и ти и политички прогонуваните пратеници и уставобранители ќе бидете на слобода, беше истакнато меѓудругото од говорниците Драган Угриновски, Јанко Бачев, Филип Петровски, Страшко Олумчев и Жарко Гроздановски.

Медиуми: А1 он; Макфакс; Фокус; Дојче Веле; Ипортал; Прес 24Макпрес; Весник 24; Вечер; Актуелно 24; Либертас; Точка 24; Фактор; Инфомакс; Лидер; Експрес; Либертас; Прес 24; 1ТВ; Вести; ДејлиТајм; Грид