(ВИДЕО) Билјана Џинго: Пет години затвор за секој што ќе отпушти работник за време на вонредната состојба

Прес конференција, Коалиција „Никогаш северна – само Македонија„
Билјана Џинго, членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 23 март 2020

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е промовирањето на уште една од мерките содржани во Пакетот мерки на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ во врска со кризата со коронавирусот.

Денеска промовираме мерка за заштита на работниците кои трпат силен удар од работодавачите со секојдневни отпуштања.

Имено, приватните компании секојдневно отпуштаат работници под изговор дека работат во отежнати услови во сегашната кризна состојба. Но, отпуштањето на работниците е недозволиво, неоправдано и неморално од страна на приватните компании.

Не е точно дека фирмите не можат да исплатат плата во услови на криза, туку проблем е алчноста на бизнисмените водени единствено од желбата за профит. Пример, нека повелат бизнисмените нека продадат нешто од своите луксузни возни паркови и ќе поделат плата за два-три месеци колку што ќе трае кризата.

Приватните компании имаат силна обврска во оваа кризна состојба да не им предизвикуваат дополнителна стресна состојба на работниците во услови на паника и страв кај народот од коронавирусот.

Дотолку повеќе, сведоци сме како почна приватизацијата во Македонија, односно, како тргна приватниот бизнис на почетокот на деведесеттите години на минатиот век со грабежот врз општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

Приватните фирми сега мора да го поднесат овој товар со кризата и да не прибегнуваат кон крајно опасната мерка со отпуштање на работниците.

Ниту еден работник не смее да го изгуби работното место во оваа привремена криза од неколку месеци во која приватните фирми ќе имаат намален профит.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ бара од Владата да донесе Уредба со законска сила со која ќе се дополни Кривичниот законик во смила дека секој што ќе отпушти работник за време траењето на вонредната состојба ќе се казни со казна затвор од пет години. Само така ќе ги заштитиме работниците во оваа кризна состојба.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ секогаш ќе биде на страната на работниците. За таа цел, Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ цврсто и одлучно ќе опстане на својот Пакет мерки во интерес на народот.

Ви благодарам

МИА

Скопје 1

Македонски весник

Макпрес

Тајм

Дејли

Канал Јутуб