Фото 3

Бачев: Ќе се обидат да ве заплашат и поткупат, но, вие направете го ова

Jun 30 2020
(0) Comments

Прес конференција, Коалиција Никогаш северна – само Македонија“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 30 јуни 2020

Почитувани избирачи

Пред нас се уште едни избори на 15 јули. Со голема загриженост слушаме за масовен поткуп на гласачи. Со уште поголема загриженост ги примаме и најавите за неизлегување на изборите на еден дел од народот поради здравствената криза.

Свесни сме за оправданоста и причините кои го доведоа народот до тоа, но, и за последиците од таквиот чин. Природно и уставно право на народот е да управува со државата преку избори и да ја насочува нејзината иднина.

Но, неизлегувањето на изборите оди во прилог на власта. Тие што сега владеат тоа и го сакаат. Знаеме дека на овие избори ќе се обидат да Ве заплашат, да Ве поткупат, уценат, да Ве скршат…

Ако се обидат да ве заплашат – избегнете го конфликтот и не заборавајте. Имајте на ум дека деновите на власта се одброени. Ако се обидат да ве поткупат со пари или со продукти – не ги одбивајте. Земете се што ќе ви дадат. Тоа е од вашите пари кои со години ви ги крадеа.

Ако се обидат со вработување да ве придобијат – не ги одбивајте. Вработете се, но знајте дека тоа е ваше уставно и законско право кое ви припаѓа Вам. Тоа не го прават заради Вас, туку пред се заради себе, за да можат и понатаму да владеат, да ја пљачкаат и рушат Македонија! Што и да прават – прифатете, но не дозволете да Ве скршат, да ви го уништат духот, да ви го срушат достоинството на човек, да ве деморализираат… Од Вас и Вашата волја зависи се. Судбината е во Ваши раце.

Ве повикувам заеднички да го најдеме излезот од тунелот во кој со години се наоѓаме. Мудроста е кај Вас. Нашата улога како Единствена Македонија е да ги слушнеме, проучиме, обмислиме и се обидеме да ги реализираме Вашите идеи и предлози.

Ние ќе се бориме, од Вас и Вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 30 јуни 2020

Медиуми:

Тв 24

Центар

Точка

Вечер

Макфакс

А1 он

Весник

Прес 24

Скопје 1

Македонски весник

Тајм

Грид

Вести

image_print