ndm-partiski-znak

Бачев: Керим бил во врска со тајната полиција

May 14 2007
(0) Comments

Прес конференција, Народно движење за Македонија
Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, Хотел турист, понеделник, 14 мај 2007

Почитувани,

Народно движење за Македонија располага со сознанија кои даваат поинаква светлина за Срѓан Керим, па така во случајов зборовите го изменија вообичаеното значење и се интерпертираат во нова смисла кога Керим ни се сервира за професионалец, признат стручњак, дипломат од кариера, бескомпромисен заложник за македонските интереси и.т.н а всушност се работи за човек што:

  1. нема морален интегритет и кредибилитет;
  2. не е дипломат од кариера;
  3. со сомнителен политички беграунд и нелојален кон Македонија;
  4. разузнавачки обработен и.т.н.

Со оглед на просторот од пресс, само најредуцирана фактографија:

1. нема морален инегритет и кредибилитет.

Керим ја фризира биографијата. Своевремено на Економски факултет во Белград е откриен дека при изготвување докторат препишал стручен труд на професорот Љубиша Адамовиќ поради што го бркаат од работа. Докторатот му го спасуваат тогашните комунистички кадри во Белград (Глигоров, Грличков и Беловски) со нагодба со факултетот да  го тргнат и да го вратат во Скопје каде го вдомуваат во ИС на СРМ.

Со него се поврзуваат бројни криминални афери, да нафрлиме неколку:

а) случајот со купување станови за персоналот во Амбасадата во Германија и земениот кредит од Керим од Dresdner Bank AG Filiale Bonn во износ од 1.300.000 дем, при што од 7 стана 2 никогаш не се вселени;

б) врз основа на полномошно бр.19-1860 од 12.07.1995 од претседателот на тогашната влада со неограничен лимит и износ, Керим зема кредит од истата банка – број на партија 02 696 757 02 на “само” 8.000.000 дем. Отплатата на кредитот ја гарантира НРБ на РМ во висина од 10.000.000 дем на сметка број 08 081 232. Сите  трансакции се незаконски, бидејќи нема законски одредби ниту владина одлука. Согласно законот, задолжување на државата во странство се врши врз основа на предлог на министерство за финансии до Владата која доколку го прифати предлогот донесува одлука со која предлага на Собранието донесување Закон за конкретно задолжување во странство. Врз основа на закн, а во име на Владата, министерот за финансии ги склучува договорите за кредитни задолжување, а во овој случај Керим како амбасадор склучува договор и се задолжува врз основа на лично и приватно полномошно на тогашниот премиер. За ова “исчезната” е целокупната документација и во МНР до ден-денес нема официјален отчет;

в) случајот со исчезнување во тоа време на околу 10 милиони долари во претставништвото на “Палер Македонија во Канада, каде претставник на Палер  е сопругата на Керим и.т.н.

 2. не е дипломат од кариера.

Се претставува со триесетгодишна дипломатска кариера. Не е вистина,  дури во 1994  Глигоров за прпат му дава таква шанса назначувајќи го за амбасадор во Германија. Од Македонија некаде во втората половина на 80-те години повторно заминува во Белград, но не како дипломат и по основ на знаење туку по национален клуч, бидејќи во тогашниот Сојузен секретаријат за надворешни работи (ССНР) земаат по осум лица од секој република, и во ССНР меѓу осумте “македонци” по препорака на министерот во ССНР Будимир Лончар, е и Керим, назначен за портпарол во ССНР. За време на војната спроведувајќи странски сценарија (досега вешто се крие) во заднина го менаџира рамковниот договор кој е трауматичен за македонската национална свест. Секој може да кажува приказни, но договорот е  национален страм и пораз. За време на војната како амбасадор во ОН ужива во апартман во најпрестижната њурошка авенија со кирија од 14.000 УСД непреземајќи ништо во тие судбоносни моменти за државата..

 3. сомнителен политички бекграунд и нелојален кон Македонија.

По осамостојувањето не се враќа на повикот на владата да помогне. Од 103 македонци во тогашен ССНР се враќаат само 22. Истовремено, Керим преку “Генекс” (во СФРЈ фирма на сојузната УДБА за преземање разузнавачки задачи во странство) се вдомуваа во Париз во фирмата “Копешим” на босанскиот србин Борис Вукобрат доверлив човек на Милошевиќ и пријател на Глигоров. Вукобрат во тоа време ја турка идејата на Милошевиќ и тајната полиција за обнова на Југославија по некаков кантонален принцип од некаде 30 кантони.

 4. разузнавачки обработен.

Признава дека во дипломатијата најмногу учел од Будимир Лончар, кој дилетант и залутан во дипломатијата, односно човек на УДБА. Своевремено работел во ЈУ-амбасадата во САД како телепринтерист и шифрант. Лончар, како и Керим ќе има афера кога се открива дека е без високо образование, а покасно ќе се утврдува дали воопшто имал завршена гимназија. Може да се претпостави како сосем извесно што ги поврзува учителот Лончар и ученикот Керим. Своевремено како амбасадор во Германија ќе испраќа во МВР зачудувачки информации, од што се препостави дека влетал во шема на разузнавачка структура на западноевропска земја. Познато е дека ќе биде инсталиран за пратеник на фамозниот Пакт за стабилност, па менаџер на ВАЦ. Парите што беа наменети за развој на македонско новинарство експресно завршија со откупување на три македонски весници под закрила на ВАЦ. За ова неговиот ментор од Пактот е под сериозна истрага на моќна прекуокеанска разузнавачка структура за перење пари. Европарламентарката Дорис Пак  изјави дека ВАЦ всушност има задача да оствари специфични политички цели во Македонија!

НДМ дојде до сознанија за негови релации и со тајната полиција во комунистичкиот период, односно до соодветен разузнавачкиот картон од кој се гледаат задачите и псевдонимот.

 Претходно изнесеното колку и да е само по себе загрижувачко и вознемирувачки превид на македонската влада да номинира еден блефер и фолирант, содржи и драматично посериозна опасност по интересите на Македонија на меѓународната политичка сцена. За жал, нетранспаретноста во постапката за номинирање на Керим отвора основано сомнение дека со помош на странски интерес е купена кандидатурата за остварување на од поодамна промовиран стратегиски интерес во ООН на една моќна западноевропска земја, а што за директна последица стратегиски ќе го доведе во прашање и американско-македонското пријателство. Владата и македонската јавност мора да има навремен одговор кој и зошто му ја купи кандидатурата на Керим во ООН за потребите на оваа страшна меѓународна игра во која Македонија ќе биде колатерална штета. Оттаму е штетно за РМ да влезе со кандидатура со оваа личност.

 НДМ ќе го информира генералниот секретар на ООН и ќе бара да се достави информацијата до сите земји-членки на ООН, како и сите пратенички групи во Собранието на РМ.

 НДМ како коалициски партнер бара од Владата веднаш на итна седница да назначи друг кандидат.

Ви благодарам,